Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зврлевски сеуште не сака да зборува за случајот „Македонска банка“

Зврлевски сеуште не сака да зборува за случајот „Македонска банка“
Кривичната пријава за случајот „Македонска банка“ е дадена на анализа, но јавниот обвинител Марко Зврлевски не може да открие повеќе детали за неа. На денешната пресконференција, на која го промовираше новото Одделение за односи со јавност на Обвинителството, Зврлевски кратко одговори на новинарско прашање за тоа до каде е истрагата за аудио снимките што ги презентираше опозицијата поврзани со наводна корупција при продажбата на оваа банка. „По однос на кривичната пријава можам да кажам дека е дадена на работа, односно земена е во анализа, а уште сега не можам да коментирам кои чекори понатаму ќе се превземат“, рече Зврлевски, нагласувајќи дека обвинителот има право да одлучи кои информации за одреден случај ќе ги сподели со јавноста. Обвинителството го разгледува и случајот со наводните кеш уплати од страна на лицеот Загорац Тумбовски за ВМРО-ДПМНЕ, но засега за овој случај обвинителите „немале многу информации освен вербални обвинувања од еден човек“. Истрагата за случајот „Актор“ во Обвинителството продолжува, иако беа одмрзнати сметките на грчката фирма-изведувач на автопатот Демир Капија - Смоквица. Сметките на фирмата биле одмрзнати за да не се направи поголема штета врз целиот проект.
Слично

Поврзани вести