Зврлевски не сака да коментира дали ќе реагира за случајот „Македонска банка“
Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски денеска не беше подготвен да им одоговори на новинарите дали Обвинителството ќе поведе постапка по кривичната пријава што ја поднесе опозицискиот СДСМ против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во која тој се товари за корупција и даночно затајување во случајот со продажбата на „Македонска банка“.
На промоцијата на прирачникот „Јавност во кривичната постапка“ тој зборуваше за потребата да се зголеми транспарентноста на Јавното обвинителство, но одби да одговори на новинарските прашања во врска со овој случај. Најави дека тоа ќе го направи на посебна прес-конференција.
„Прашајте ме се што сакате во врска со денешниот настан и ќе ви кажам. Има начини на кои може да ве информираме за последните случувања. Ви кажавме дека ќе имаме редовна прес конференција и ќе биде кажано се што треба и се што ве интересира, ништо нема да биде скриено“, одговори Зврлевски.
Слично
