Зврлевски:Борбата против тероризмот е предизвик за градење на цврста интернационална релација
Борбата против тероризмот и учеството во странски војски е предизвик за градење на цврста интернационална релација, изјави јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, на тридневната регионална конференција „Взаемна правна помош, екстрадиција и истраги за комјутерски криминал во контекст на борбата против тероризмот и учеството во странски терористички војски“, што започна во Скопје.
„Република Македонија има сериозен пристап во справувањето со овој вид криминал и освен постоење на правна рамка, гради и институционална рамка која значајно ќе придонесе кон соочувањето со овој предизвик“ - додаде Зврлевски.
Тој смета дека заеднички во интернационални рамки треба да се застане на патот на овие кривични дела.
На конференцијата, која е дел од серијата обуки за борба против тероризмот на Балканот во организација на Амбасадата на САД, присуствуваат делегации на БИХ, Србија, Косово, Албанија и Хрватска.
Слично
