Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ: Јанева и нејзиниот тим покажаа темелност и храброст!

ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ: Јанева и нејзиниот тим покажаа темелност и храброст!
„Мислам дека Специјалното јавно обвинителство со оваа постапка  покажа дека има капацитет да се справи со криминалот без разлика на досегашната моќна заштита од партиско-политичките елити и носители на власта“ вели во разговор со Горазд Чомовски адвокатот Звонко Давидовиќ. „Она што беше  изнесено како аргументи од страна на Специјалното јавно обвинителство за нас како правници и адвокати   ни  дава за право  да кажеме  дека  тимот на  Катица Јанева темелно  ги   работеле  сите  доказни   материјали што ги поседуваат. Првичниот мој впечаток е дека  Специјалното јавно обвинителство  професионално си ја   сработило својата работа во овој дел  од  случајот „Титаник“ . Мислам  СЈО покажува дека има капацитет да ги води постапките. Сега се’ е во рацете на судиите во претходна постапка кои  треба да покажат дали имаат материјал да бидат судии. Досега тврдевме дека судството е на коленици  и дека нема капацитет. Сега делителите на правда  имаат  извонредна  шанса да покажат дека тоа не е така, да ги демонатираат сите  оние кои велат дека    судство е  партиско, непрофесионално, пристрасно..  Ако претендираат да го вратата кредибилитетот на професионалимот и интегритетот на еден парвичен судија, сите тие мора да им е одолеат  на притисоците  без разлика од која страна ќе доаѓаат. Денес е првиот ден од кога почнуваме отворено да дискутираме и  зборуваме за правораздавањето, за кредибилно судство со доверба кај граѓените. Мислам дека Специјалното јавно обвинителство со оваа постапка  покажа дека има капацитет да се справи со криминалот без разлика на досегашната моќна заштита од партиско-политичките елити и носители на власта .  Токму и затоа е избран Специјалниот јавен обвинител. Повеќе нема време за молчење и  туркање на работите под  ќилим.  Јас  се надевам дека  ќе се оди до крај  за расчистување  сите случаи за кои има индиции за  прекрушвање на законите .  Од искучителна важноста е еднаш за секогаш да се расчистат сите општестевни и политички процеси за што има  индиции за криминал и незаконско работење   Ова е добар почеток каде што Обвинителството е тоа кое обвинува , а Судот ќе реши дали има вина  или нема . Но самиот факт што повеќе не постојат табу теми за кои може да се разговара и докази кои се разгледуваат многу сериозно е многу голем и добар почеток“, изјави Давидовиќ.  
Слично

Поврзани вести