Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ: Во 2016-та ќе бидат успешни овие луѓе!

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ: Во 2016-та ќе бидат успешни овие луѓе!

Пристапуваме кон годината на мајмунот. Каква ќе биде таа според ѕвездите ќе имаме ли шанса да склучиме брак, ќе бидеме ли повеќе здрави и ќе се радуваме ли повеќе пари во паричниците? Еве што открива астрологот Оксана Хорват.

2016-та е година на огнениот мајмун и се очекува дека ќе биде доста ѓаволеста. Но, во исто време кинеската астрологија опишува го мајмунот како интелигентен, итар, флексибилен, информиран. Со леснотија се справува со сите предизвици и проблеми, многу е енергичен, активен. Тоа се квалитети кои ќе се бараат од нас во оваа година. Луѓе кои ги поседуваат овие квалитети, ќе се справа многу добро. Ќе имаат исклучително добра година. Децата кои ќе се родат во 2016-та, ќе бидат многу успешни. Значи оваа година е погодна за раѓање на деца.

Во здравствен аспект се очекува годинава да е добра, особено нејзината прва половина. Бидејќи планетата на среќата Јупитер поминува низ знакот Девица. Девица е знак кој симболизира здрав начин на живот. Сега е време секој да преземе лична одговорност за своето здравје, да почне повеќе здрава исхрана. Во втората половина на годината може да се погрижиме повеќе за естетиката и убавината.

Во првата половина на годината изгледа дека акцентот навистина ќе биде врз работата и здравствените грижи. За претставниците на Бик и Риби првата половина на годинава ќе биде позитивна во личен план - ќе најдат партнер или ќе донесат важни одлуки за партнерство. Втората половина на годината, кога Јупитер ќе се пресели во Вага (одговорен за сферата на љубовта и партнерствата), следат сериозни врски. Ако флертувате во тековната година, во новата може да склучите брак или да родите деца. Втората половина на годината ќе даде шанса за сериозни партнерски потфати.

Овој тренд продолжува. Сатурн во Стрелец помага на растењето и преземање на одговорност. Оние кои сакаат промена, ќе може да одат на повисока позиција, на подобро плаќање или назначување во странство. Годината е успешна за дополнителни квалификации и образование.

Слично

Поврзани вести