Ѕвезди, портпароли, пратеници, кои се новите градоначалнички фаворити на ВМРО ДПМНЕ?
Како што утрово објави Фактор, актерката Билјана Беличанец ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода. Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги утврди имињата на 12 кандидати за градоначалници од редовите на партијата за претстојните локални избори.
За Кичево, кандидат е досегашниот градоначалник на општина Кичево Благоја Деспотоски-Ташко, за Дојран портпаролот на МНР Борче Стамов, за општина Бутел, досегашниот градоначалник Петре Латиноски, за општина Неготино, Ванчо Апостолов, пратеник во Собранието на Република Македонија и за општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар. Досегашниот градоначалник на општина Зелениково Веле Груевски ќе се кандидира повторно на оваа функција, за општина Сопиште, Стефче Трпковски, пратеник во Собранието на Република Македонија, за општина Чашка, Горанчо Пановски, досегашен градоначалник на општина Чашка, за Пехчево, Игор Поповски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево, за општина Карбинци, Зоран Минов, претседател ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци и за општина Конче, Благој Јованов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Конче.
Основен вредносен принцип според кој извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се водел при изборот на кандидатите за градоначалници за престојните локални избори била понудата на квалитетни програмски решенија во сферата на инфраструктурниот, стопанскиот и економскиот развој на општината, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Обелоденувањето на новите имиња доаѓа во крајна неизвесност за иднината на изборниот процес, откако СДСМ најави бојкот на изборите доколку не се исполнат нивните барања. Одлуката на СДСМ се очекува да биде позната во среда.
Слично
