Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗУРЛИ И ТАПАНИ ВО ГАЛИЧНИК: Свадба прават две двојки!

ЗУРЛИ И ТАПАНИ ВО ГАЛИЧНИК: Свадба прават две двојки!
За првпат од возобнувањето на манифестацијата Галичка свадба, денеска во Галичник според старите обичаи ќе се венчаат две двојки: внукот на познатиот македонски пејач Александар Сариевски, Иван Сариевски и Ана Гареска, како и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска. Организаторите на овогодинешната свадба велат дека пораката што сакаат да ја испратат со двојната свадба е да има повеќе венчавки и да се раѓаат повеќе деца во Македонија. Порано на Петровден во Галичник се правеле и по 50 свадби, во период кога печалбарите се враќале во своите родни огништа. Манифестацијата Галичка свадба е спој на преку 30 свадбени обичаи од мијачкиот крај, од кои дел уште опстојуваат и на традиционалните свадби.
Слично

Поврзани вести