Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ:  Во Србија е уапсена група педофили

Уапсена е поголема група педофили во Србија, a меѓу жртвите има деца на возраст од 3 до 14 години. Приведени се 10 луѓе. 

Акцијата Аргамедон e спроведена на територија на цела Србија, а полицијата наведува дека станува збор за „група сексуални предатори кои злоупотребиле интернет и вршеле криминални дејствија на штета на девојчиња и момчиња“, пренесе РТС.

Меѓу уапсените има и повратници кои претходно биле уапсени за сексуална експлоатација на малолетници преку Интернет. Акцијата Армагедон започна во 2010 година на територијата на цела Србија, а има за цел сузбивање на експлоатација на малолетници за порнографски цели преку Интернет.

Армагедон е една од најдолгите полициски операции во Србија. Во неа досега се уапсени стотици луѓе.

Бројот на регистрирани педофили во Србија е 675, покажуваат најновите податоци на Управата за извршување на кривични санкции од август 2023 година. Бројот е зголемен од 544 регистрирани педофили во јули лани. 

Слично

Поврзани вести