Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Предупредување за сите туристи од Србија“: ограбени туристи објавија предупредување на социјалните мрежи

„Предупредување за сите туристи од Србија“: ограбени туристи објавија предупредување на социјалните мрежи

Туристи од соседна Србија објавуваат предупредување со други туристи кои се деновиве во Солун во соседна Грција. 

Според објавите на Фејсбук, коли паркирани во Солун биле искршени и и од нив биле земено се што имало внатре.

- Предупредување за сите туристи од Србија.

Во Солун ноќеска беше ограбен автомобилот, и сè што можеле да украдат било земено од автомобилот. За среќа документите и уредите беа со нас. Не е само до материјалната штета, сепак тоа претставува огромен стрес особено кога се случува за време на одмор.

Случајот е пријавен во полиција, ама од таму веднаш ни рекоа дека тоа е нормално за Солун. Сè што може, испразнете од автомобилот. 

Срдечен поздрав од грчкото братство и топла добредојде во прекрасниот Солун - се посочува во објавата на Фејсбук. 



Слично

Поврзани вести