Важно за сите што патуваат низ Црна Гора: Мостот Ѓурѓевиќ Тара ќе биде затворен повеќе од два месеци
Поради реконструкција, сообраќајот преку мостот Ѓурѓевиќ Тара ќе биде целосно прекинат од 10 август до 26 октомври, а забраната ќе важи и за пешаците.
Сообраќајот преку мостот Ѓурѓевиќ Тара ќе биде прекинат за сите видови возила од 10 август до 26 октомври поради реконструкциски работи, објави Автомобилско-мотоциклистичката асоцијација на Црна Гора.
За време на работите, мостот ќе биде затворен и за пешаци.
На возачите и другите учесници во сообраќајот им се препорачува да користат алтернативни патишта во текот на горенаведениот период.
Фото: Притнскрин/Јутуб
Слично
