ЖРТВА НА ТРГОВСКАТА ВОЈНА: Тоне eдна од најстабилните економии
Државата која долго беше една од светлите искри во светската економија, претрпе остро забавување.
Официјални податоци покажуваат дека австралиската економија се зголемила само за 0,2 отсто во последните три месеци на 2018 година, што е значајно побавен раст од 0,6 отсто кој економистите го очекуваа.
Ова го следи и слаб раст од 0,3 отсто во третиот квартал на 2018-та што значи дека австралиската економија ослабнала во втората половина на минатата година.
Имајќи ги предвид блиските врски на Австралија со кинеската економија (низ трговијата со стоки) тоа е јасен знак дека кинеското забавување , и трговска војна со САД, праќаат опасни бранови низ глобалната економија.
Со оглед на тоа дека Кина го намали својот цел на раст во 2019та , станува јасно дека ова забавување може да потрае некое време.
На годишно ниво, австралиската економија пораснала само за 2,3 отсто во последниот квартал, што е најнизок раст од средината на 2017та година.
