Зошто мафијашите се предобри „бизнисмени“
Италијанската мафија „Камора“ ќе биде главна тема за анализа, како за економистите, социолозите и политиколозите, така и за телевизиските гледачи со претстојата хит серија во најава со истоименото име како и на злогласената Неаполската мафија. Новото италијанско ТВ шоу не е инспирација на некоја Холивудска приказна, туку на реалните сведоштва од книгата „Камора“ на писателот Роберто Савијано кој до денес е во бегство и има нов идентитет бидејќи му се заканува елиминација.
Мафијата е организирана како и секоја амбициозна корпорација, со повеќе нивоа на менаџмент, доделени раководни улоги, брутална сила, адвокати, сметководители, дилери, макроа, па верувале или не тим билдинг. Новите регрути поминуваат процеси на „огнено“ крштевање, а за своите брзи успеси на улиците се наградувани со чинови, бонуси, (можеби не и бенифициран стаж), како и грижа за семејството на паднат мафијаш во затвор или пак најлошто при негова смрт.
Синдикатот како што многумина сакаат да го нарекуваат не е имун ниту на бекруполозниот капитализам, „војниците“ на дното имаат мизерни примања, умираат во пресметки на улиците или во затворите, додека пак „чиновниците“ живеат удобен и раскошен живот, но се постојано под штрек од некој нов ривал или „непријателско преземање на берза“. За економската големина на „Камора“ најдобра илустрација е дека тие претставуваат поголема индустрија од „фиат“ и останатите автомобилски брендови од Италија. Сепак, нема бизнис како „семејниот“ бизнис.
Сите аспекти на италијанската мафија која со суровоста ја надмина и Коза Ностра можеби најдиректно ќе бидат прикажани во ТВ серијата, како добра забава за гледачите и ментална вежба за аналитичарите.

Слично