Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто втор ден по ред нафтата поскапува?

Зошто втор ден по ред нафтата поскапува?

Втор ден по ред растат цените на нафтата. 

Цената на барелот на лондонскиот пазар според договорите за испораките во септември  порасна за 1,51 долар во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот, на 106,66 долари, откако вчера падна за 1,99 долари. Барелот на сировата нафта на американскиот пазар,  истовремено денеска поскапи за 1,36 долари, на 98,04 долари, по вчерашниот раст на цените за 2,1 отсто. Во одвоен извештаја Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) денеска објави дека со барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во понеделникот чинел 106,27 долари. Тоа значи дека поевтинил за 1,39 долари во однос на претходниот трговски ден.

Цените скокнаа затоа што расте загриженоста за снабдувањето во Европа откако Русија, клучниот снабдувач со нафта и гас во регионот, дополнително ги намали испораките на гасот.

Европа  веќе се ангажираше да обезбедува гас од други земји. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести