Зошто вредноста на доларот сега зајакнува?
Доларот зајакна втора недела по ред поради високата инфлација во Соединетите Американски Држави(САД).
Доларот зајакна за 0,2 отсто, при што курсот на еврото се намали на 1,1605 долари. Силниот раст продолжи и во однос на јапонската валута (0,3 отсто), достигнувајќи ниво од 159,20 јени.
Зајакнувањето на американската валута е директен одговор на податоците за инфлацијата во САД, која во април изнесуваше 3,8 проценти – највисоко ниво во последните три години. Аналитичарите сметаат дека сега е малку веројатно ФЕД да продолжи со циклусот на намалување на каматните стапки. Напротив, доколку цените на енергенсите останат високи, постои реална можност за дополнително зголемување на каматните стапки кон крајот на годината.
foto freepik.com
