Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто во Србија расте бројот на заразени ако се вакцинирани 48 отсто од граѓаните?

Зошто во Србија расте бројот на заразени ако се вакцинирани 48 отсто од граѓаните?

Во Србија против коронавирусот се вакцинирани 48 отсто од граѓаните. Заразените се претежно луѓе кои се вратиле од одмор. Ова го тврди министерот за здравство, Златибор Лончар. 

Тој денеска изјави дека во Србија се имунизирани 48,49 отсто од граѓаните, што не е доволно и дека сите позитивни на коронавирус се вратените од летните одмори кои се претежно невакцинирани, јави дописникот на МИА од Белград.

Лончар за ТВ Пинк предупреди дека од овој проблем нема да се излезе ако е бавна вакцинацијата, ако се дозволи вирусот да мутира и вакцините да не бидат доволно средство за негово сузбивање. Вели дека не е доволно само во една земја да се вакцинираат доволен број луѓе, бидејќи „вирусот не познава граници“.

Во последните неколку дена, во Србија бројот на новоинфицирани со коронавирус расте. Во Србија вчера коронавирусот е потврден кај уште 249 лица, од 8.596 тестирани, а петмина пациенти починаа. 

Слично

Поврзани вести