Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Управата за хидрометеорологија ќе ангажира авиони за еден милион евра?

Зошто Управата за хидрометеорологија ќе ангажира авиони за еден милион евра?

Три авиони на скопскиот „Аеро клуб“ ќе бидат на располагање 24 часа на ден од 15 април до 15 октомври и ќе исфрлат 600 килограми реагенс за да запрашат облаци кои носат опасност од пороен дожд и град. Целта е да се превенира и спречи оштетување на земјоделски посеви

Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) ќе плати еден милион евра (во цената е вклучен и ДДВ) за да ги заштити земјоделските посеви од поројни дождови и град. За таа цел УХМР ќе ангажира 3 авиони на скопскиот „Аеро клуб“ кои ќе треба да ги засејуваат облаците со соодветни препрати со цел да се спречат поројни дождови и град кои можат да уништат плодови на земјоделски површини.

УХМР во февруари годинава распиша тендер за набавка на услуги за авионско запрашување на облаци со цел спречување на атмосферски појави (порој и град пред се) кои можат да уништат земјоделски посеви. На тендерот се јавил еден понудувач кој дал понуда со вклучен ДДВ од речиси еден милион евра. За тендерот не е спроведена аукција затоа што имало само еден понудувач. Договорот е со вкупна вредност од 60 милиони денари (еден милион евра).

Договорот ќе трае шест месеци (колку што е земјоделската сезона) и започнува да важи на 15 април, а ќе биде валиден до 15 октомври годинава. За да ја обезбеди услугата скопскиот „Аеро клуб“ ќе обезбеди на 24 часовно располагање три авиони. За тие шест месеци ангажман авионите треба да поминат во воздух вкупно до 400 часови ефективен лет, пишува во спецификацијата на понудата дадена во прилог на договорот кој е достапен на следниот линк.

Во структурата на услугата е вклучен и реагенсот што треба да се исфрла за сузбивање на појава на град и порој и тоа е вкупно 600 килограми. За своите услуги аероклубот на УХМР ќе и испорачува месечни фактури.

Чекорот на УХМР е повеќе од добродојден со оглед на актуелното зголемено влијание на климатските промени врз земјоделските посеви. Имено како што неодамна објави Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) лани земјоделците и сточарите на име штети од осигурителните компании наплатиле лани вкупно 5,1 милиони евра. Од тоа индивидуалните земјоделци и сточари наплатиле 2,8 милиони евра, а земјоделските компании 2,3 милиони евра. Вкупно во осигурување земјоделците и сточарите лани вложиле над 7,8 милиони евра.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести