Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

Турција го повлече златото од САД. 

Централната банка на Турција лани ги повлекла сите златни резерви од американските Федерални резерви.

Поради заострувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон по повеќе регионални и билатерални теми, златото е вратено во Турција. 

Златото кое е повлечено од САД делумно е вратено во земјата, додека остатокот е распределен во Европа.

Систематското повлекување злато од амеканските Федерални резерви почнало во 2017. година. Во САД се чувани 28,7 тони злато. 

Потврда за оваа информација се наоѓа и во официјалниот извештај на Централната банка од април. Во делот за резервите во САД, за 2016 година се наведува цифра од 28.689 килограми злато, додека во следната година тоа поле е пречкртано. Вкупниот обем на златни резерви на земјите, како што пишува во извештајот, се проценува на 565,6 тони, односно 20 милијарди долари во парична противвредност.

Слично

Поврзани вести