Зошто треба да се укине изборот на пратеници од дијаспората
Неколку причини зошто е важно да се укине изборот на пратеници од дијаспората, дава Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ).
Оваа непрофитна тинк-тенк организација направи и анализа за трошоците за избор на пратеици од дијаспората после изборите во 2011.
Првата причина за укинување на изборот на пратеници од дијаспората е токму поради економските импликации. Анализите на институтот покажале дека трите мандати на дијаспората чинеле колку една четвртина од 120 пратеници во државата.
Како втора причина е наведена нееднаквоста на правото на глас,поради ограничената можност да се гласа само во дипломатско конзуларните претставништва.
Од Институтот препорачуваа ако дијаспората гласа, тоа да се прави на поефикасен начин как на пример, гласање преку пошта, интернет или пак да се промени законот и да им се гарантира мандати без да се спроведуваат изборите со предлог од политичките партии.
