Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто топлотните пумпи стануваат се поинтересни на нашиот пазар ?

Зошто топлотните пумпи стануваат  се поинтересни на нашиот пазар  ?

Податокот  дека  само во земјите  на  Европска  Унија  за  наредната  година  се предвидува  да се инсталираат  приближно  450,000 топлотни пумпи  зборува за атрактивноста и исплатливоста на овие системи.

Колку се ефикасни  топлотните пумпи  , најдобро   се изразува  преку  коефициентот  на корисно дејство  - СОР.  Колку е овој  коефициент  повисок  , толку  е  подобра  енергетската ефикасност  на  системот. Изразено  во  кWh  енергија ,тоа  би  значело:  со потрошена  1 kWh електрична  енергија, се добиваат  3 до  5  kWh топлотна енргија. Или  преведено во пари  тоа би значело, 1 kWh топлотна  енергија   добиена од топлотна пумпачини околу  1,5 денар, додека топлотната   енергија  добиена  од  пелети, нафта за домаќинства, струја, градско греење, се движи од  3.5 до 7 денари. 

Резултатот е повеќе од очигледен, заштедите  на  енергија  со  овие  системи  достигнува  до 80%.

Ефикасноста на овие  системи, во однос на конвенционалните  системи  за  греење и ладење, дополнително  се  зголемува   и  со обезбедувањето  на “бесплатна “ топла  санитарна  вода. Топлотните  пумпи  овозможуваат  загревање  на  санитарна  вода со ефикасност од  3 до 5 поголеми  електрични  грејачи, така  да  во  некои  случаи  не е  потребно  инсталирање  на дополнителни  сончеви  колектори (повратокот  на  инвестицијата  за  сончевите колектори  би  бил преку  15  години).

Топлотните  пумпи  овозможуваат  голем  комфор и идеална  клима  за корисникот. Тие се тивки во својот  работен  режим, а нивното  користење  е  крајно  едноставно. Трошоците  за  одржување се ниски и не бараат  секојдневна  посветеност  како  кај  останатите  конвенционални  системи  за греење (пелети, дрва, нафта и сл.)

Предноста на топлотните пумпи е таа  што покрај греење, обезбедуваат и ладење на предвидениот простор. Тоа не е случај со конвенционалнитесистеми  бидејќи  се потребни дополнителни инвестиции за обезбедување  на  други  системи  за ладење на просторот. Управувањето  на топлотните пумпи  е многу едноставно  и софистицирано,  преку современ  кориснички  интерфејс  , кој нуди  детален  приказ, едноставна  навигација и паметни  контролни  функции.

Исто така со самото тоа што  топлотните пумпикористат обновливи извори на енергија (вода, воздух, сонце)  директно се влијае  на намалување на количината на штетните  CO2 гасови , како и на намалување на потрошувачката на енергија.  Фактот  дека во  Македонија  приближно  75% од населението  се уште како извор за греење користат дрво, 13% струја, и околу  12 %  централно греење,покажува дека  треба повеќе да се работи  на запознавање  на јавноста  за бенефитите на топлотните пумпи  , но и  да се влијае  во подобрување  на условите при купување  на таквите  системи.

Радува податокот  што  во последните неколку години, комерцијалните банки  нудата поволни  еко- кредитни линии, кои се строго наменети за подобрување на енергетската ефикасност на објектите што подразбира  и инсталирање на енергетски ефикасни системиза греење. Каматните стапки на банките веќе го достигнаа нивото од  5.5 %  со што повратокот на инвестицијата  кај топлотните пумпи се движи од 1 до максимум 5 години.

Исто така  и ИЦС ГРУП како една од водечките компании за климатизација на Македонскиот пазар  и  партнер на  Јапонскиот гигант ДАИКИН ,  дава свој допринос  со тоа што овозможува субвенционирање  од 30% на  топлотните пумпи –Алтерма во периодот Октомври и Ноември . Сите  заинтересирани  и потенцијални купувачи на овие системи ќе добијат поволности во плаќањето , како и увид и бесплатно проектно решение.


Слично

Поврзани вести