Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Тетовчани втор ден пијат загадена вода?

Зошто Тетовчани втор ден пијат загадена вода?

Водата во Тетово забранета за пиење веќе втор ден.

Мерењата направени попладнево покажале голема заматеност на водата.

Параметарот на заматеност изнесувал 60 единици, иако дозволената граница за заматеност е 1,6 единици. За два часа заматеноста на водата се намалила и моментално нејзиниот параметар изнесува 16 единици.

Од Центарот за јавно здравје Тетово препорачуваат водата да не се користи за пиење, сè додека не се направат нови анализи што ќе потврдат дека е исправна за користење. Оттаму очекуваат дека во текот на денот сите параметри на водата ќе дадат позитивни резултати.

Од Центарот за јавно здравје велат дека заматеноста на водата е резултат на градежни работи, кои се изведуваат на туристичкиот центар Попова Шапка.

Слично

Поврзани вести