Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто светската трговија сега е на најниско ниво во последните 80 години?

Зошто светската трговија сега е на најниско ниво во последните 80 години?

Светската трговија e најниско ниво во последните 8 децении.

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, предупреди дека обемот на трговијата што се одвива според правилата на СТО паднал на најниско ниво од крајот на Втората светска војна.

Причина за тоа, како што наведува Оконџо-Ивеала, се меѓународните трговски тензии, меѓу кои и воведувањето високи царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон голем број трговски партнери. Уделот на трговијата што ги следи прописите на СТО опаднал од 80 на 72 проценти.

„Сведоци сме на најголемото нарушување на правилата за светска трговија во последните 80 години“, изјави Оконџо-Ивеала во интервју за Ројтерс.

СТО истакнува дека во 2026 година последиците од нарушувањата можат да бидат поизразени, бидејќи растот на нарачките од првата половина од 2025 година слабеe. 

Во 2024 година, обемот на размена се зголеми за 2,9 проценти, покажувајќи дека светската трговија и покрај предизвиците се одржува стабилна.

Слично

Поврзани вести