Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Светска банка најавува голема финансиска криза до 2050 година?

Зошто Светска банка најавува голема финансиска криза до 2050 година?

Инфекции од микроби кои се отпорни на антибиотици во иднина ќе предизвикаат сериозна финансиска криза налик на онаа од 2008 година и затоа е потребно да се преземат мерки, алармира Светска банка.

Во студијата објавена вчера се објаснува дека порастот на овие микроби ќе ја зголеми сиромаштијата во светот. 

Ова посебно ќе ги погоди сиромашните држави. 

На истото предупредуваат и здравствените власти кои сметаат дека со лошата употреба на антибиотици, медицината ќе се врати во среден век. 

Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким вели дека сето ова може да го оддалечи светот од просперитет и намалување на сиромаштијата. 

„Ние треба да делуваме што поитно за да избегнеме потенцијална криза“ - вели тој. 

Отпорноста на микробите на антибиотици може да го намали БДП за повеќе од 5% во земјите со ниски приходи и да фрли во сиромаштија 28 милиони луѓе до 2050 година. 

Во извештајот стои дека расходите во здравството можат да се зголемат од 300 милијарди до неколку илјади милијарди долари до 2050 година. 



Слично

Поврзани вести