Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто стагнира швајцарската економија?

Зошто стагнира швајцарската економија?

Намалените вложувања ја анулирале стабилната лична потрошувачка во Швајцарија, објави денеска Министерството за економија.

Швајцарската економија стагнирала во вториот квартал. Швајцарскиот бруто домашен производ (БДП) се задржал на нивното од првите три годинешни месеци кога беше зголемен за 0,9 отсто, кога ќе се исклучат спортските манифестации.

Личната потрошувачка пораснала за 0,4 отсто, а државната била речиси непроменета во однос на првите три овогодишни месеци.

Инвестициите на компанијата во опрема и софтвер,  се намалени за 3,7 отсто.

Извозот на стоки се намалил за 1,2 отсто, додека извозот на услуги пораснал за 2,6 отсто. Најизразено се намалил увозот на стоки, за дури 7,2 отсто, додека увозот на услуги е зголемен за 1,5 отсто.

На годишно ниво швајцарската економија проаснала во периодот од април до јуни за само 0,5 отсто.

Германската влада подготвува пакет даночни мерки во вредност од 32 милијарди евра за стимулирање на растроената економија, а индустријата предупредува дека во пакетот мора да вклучат и контрола на цената на електричната енергија.

Слично

Поврзани вести