Зошто српските работодавачи користат полиграф?
Работодавачите во Србија се почесто ги праќаат своите работници на полиграф.
Се работи за „приватен полиграф“, кој е различен од оној кој го користи полицијата, а се наоѓа во приватни детективски агенции.
Полиграфистите се поранешни вработени во полиција кои лесно можат да детектираат лаги.
Следејќи ги трендовите од Америка каде од времето на Првата светска војна се употребува полиграф, тој се повеќе се користи во Србија при вработување.
На тој начин се утврдува профилот на кандидатот за вработување, но и лојалноста.
Ги прашуваат кандидатите: „Зошто доаѓате во оваа фирма?“, „Дали сте биле лојални во претходната фирма?“, „Дали планирате да крадете во оваа фирма?“.
Полиграф се применува и кога ќе се случи кражба во фирмата, па се тестира целиот персонал.
