Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Србите го продаваат домот на Јованка Броз?

Зошто Србите го продаваат домот на Јованка Броз?

Куќата во која живееше Јованка Броз, сопругата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито ќе оди на продажба. 

Србија не е во можност да издвои 2,5 милиони евра за реновирање на куќата на Јованка Броз во елитната белградска населба Дедиње, па поради тоа зданието наскоро ќе биде понудено за продажба или под наем на некој што би можел да вложи во нејзино реновирање, изјави претставникот на локалните власти, Јован Воркапиќ.

„Можно е некој да ја изнајми вилата на подолг период, што би ги оправдало таквите инвестициски вложувања, а тоа да му се одбива од киријата, до половина од вредноста на недвижноста“- вели Воркапиќ.

Оваа куќа е со површина од 750 метри квадратни е во надлежност на српската Управа за општи добра на републичките органи, кои се грижат за тековно одржување и физичко-техничко обезбедување.

Куќата е затворена  по смртта на Јованка Броз во 2013 година, па се до годинава, додека траеше оставинската постапка.

Слично

Поврзани вести