Зошто Србин е задржан на Јариње?
Косовската полиција утрово привела Србин, а потоа го пуштила. Се сомневале дека тој учествувал во нападот на косовски новинар во ноември во Косовска Митровица.
Според Косев, Србинот е задржан на преминот Јариње кога имал намера да влезе во централна Србија. Професорот по физичко потоа го пуштиле, а неговиот адвокат Небојша Влајиќ вели дека тој нема никаква врска со нападот. Адвокатот вели дека за нив случајот е завршен. Новинарот на Инсајдери го нападнале на 17 ноември кога сакал да снима прилог за инцидентот во кој е претепено момче од албанска националност.
Слично
