Зошто Србија испраќа армија и полиција долж македонската и бугарската граница?
Ноќеска на вонредна седница на владата во Србија е одобрено формирањето на заеднички воени и полициски екипи, кои ќе бидат испратени по границите со Бугарија и Македонија.
Целта е да се спречи нелегалното влегување на мигранти.
Веста беше распространета од прес-службата на Кабинетот по завршувањето на седницата на кабинетот.
Во соопштението се наведува дека задачата на војската и полицијата ќе биде да го спречи нелегалното влегување на мигранти од Република Бугарија и Република Македонија.
„Тие ќе имаат за задача да предадат им ги на правосудните органи шверцерите на луѓе кои ја вршат оваа нелегална активност на територијата на Србија“, се наведува во соопштението.
За време на посетата во градот Ниш вчера српскиот министер за труд и социјална политика, Александар Вулин отворено ја обвини Бугарија дека таа земја не чува границите доволно добро.
Тој коментира дека Бугарија е земја-членка на Европската унија, а во исто време држи целосно отворени граници, без да има контрола над движењето на мигрантите.
„Во исто време Австрија и Унгарија целосно ги затворија своите граници. Србија нема да стои со скрстени раце помеѓу нив и да чека“, категоричен е Вулин.
Идејата за создавање на заеднички тимови дојде во саботата за време на седницата на Бирото за координација на работата на тајни служби при разрешувањето на миграционата криза.
Во Србија бројот на мигрантите се зголеми драстично, откако Унгарија воведе нови построги мерки за контрола на границите на 5 јули.
Според властите во Белград на територијата на земјата во моментов има 3.000 мигранти. Секој ден нивниот број расте за стотици.
