Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто сме нација што живее на кредит?

Зошто сме нација што живее на кредит?

Износот на долг кон банките по основ на потрошувачки кредити е 1,36 милијарди евра на крајот на 2018 година. Тоа е половина од целиот кредитен долг на граѓани спрема банки кој изнесува 2,76 милијарди евра и за 13 години пораснал за 2,4 милијарди евра

Македонците на банките должат 2,76 милијарди евра, покажуваат официјалните статистички податоци достапни на веб страницата на македонската централна банка. Доминантната позиција во структурата ја завземаат потрошувачките кредити чија вредност на крајот на 2018 година изнесува 1,36 милијарди евра што е половина од целиот долг на населението спрема банките. Ова е јасен показател дека голем дел од нашето население живее на кредит.

За станбени кредити (за купување и реновирање станбен простор) на крај на ланската година граѓаните должат 742,3 милиони евра што е повеќе од една четвртина од целиот долг, а на кредитни картички должиме 381,9 милиони евра. Минимална ставка во структурата на кредитите на физичките лица се автомобилските кредити основ по кој населението на банките должи 5,35 милиони евра.

Фрапантно! Долговите во кредити на граѓаните се зголемени за 1,4 милијарди евра

Официјалната статистика покажува дека Македонците за период од 9 години ја зголемиле својата кредитна изложеност односно го зголемиле својот вкупен долг спрема банките за 1,4 милијарди евра. Ова значи дека во овој период банкарските кредити станале многу полесно достапни и тоа допринело многу повеќе луѓе и во поголеми износи да можат да добиваат кредити од банки. На 30 септември 2010 година граѓаните односно физичките лица на банките должеле вкупно 1,33 милијарди евра. На крајот на 2018 година долгот на граѓаните достигна 2,76 милијарди евра. Најголем раст има кај задолженијата по основ на фамозните потрошувачки кредити. Нивниот износ седуплирал. И така од 420,4 милиони евра колку што изнесувале на крајот на 2010 година тие пораснале за 909,2 милиони евра до 1,36 милијарди евра на крајот на 2018 година. Станбените кредити од тогаш до сега пораснале забезмалку половина милијарда евра , а тогаш изнесувале 253,1 милиони евра. Интересно е тоа што автомобилските кредити тогаш изнесувале 71,2 милиони евра, а сега се незначителна ставка.

За 13 години долгот на граѓаните се зголемил за 2,3 милијарди евра!

Достапната статистика покажува дека долгот на физичките лица на крај на 2005 година изнесувал 420,4 милиони евра. За 13 години долгот на граѓаните пораснале за 2,3 милијарди евра.


Р.Ф.

Слично

Поврзани вести