Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто „Скопски пазар“ има кредит 35 % поголем од полугодишниот приход од продажба?

Зошто „Скопски пазар“ има кредит 35 % поголем од полугодишниот приход од продажба?

Револвинг-кредитот е на лимит од 8,7 милиони евра, а „Скопски пазар“ заложи за него заложи 5 комори за одржување, простор за производство и други движни ствари за што склучи анекс кон договорот на 12 октомври, објавено е во „Службен весник“ 200/2016 од 2 ноември годинава. „Фактор“ уредно побара одговор на прашањето дадено во насловот на овој текст од менаџментот на „Скопски пазар“ но до денеска не добивме одговор на прашањето што ги засега или треба да ги засега сите акционери во таа компанија.

Се продлабочува ли агонијата во „Скопски пазар“? Менаџментот на компанијата одби да одговори на прашањето на „Фактор.мк“ зошто рамката на револвинг кредитот е поголема од полугодишниот приход од продажба на таа компанија и тоа за 35 отсто?

Во „Службен весник“ 200/2016 од 2 ноември на страница 15 е објавен оглас за солемнизација кон договор за регистриран залог врз подвижни предмети во кои имотот го заложува „Скопски пазар“ за кредит издаден од „Комерцијална банка“. Предмет на залог се следниот подвижени имот –опрема: системи за видео надзор, системи за сигурност и контрола на пристап, хидрауличен патнички лифт, систем за греење, ладење и вентилација, топловодни котли на пелети со  горилници, транспортери и дигитална регулација, 5 комори за одржување со различен волумен (кубатура), простор за производство со површина од 467 м2 и товарен лифт. 

Во огласот пишува дека овој движен имот се остава како обезедување на побарување по основ на Договор за одобрување рамковен револвинг кредит-лимит кон „Комерцијална банка“ од 18 март 2015 година и Договор за залог врз подвижни предмети од 9 април 2015 година како и Анекс кон договорот за утврдување на рамковен револвинг кредит врз основа на заложно право заверен кај банката на 12 октомври на износ од 8,7 милиони евра.

Врз основа на оваа објава „Фактор“ во вторник на 9 ноември ги достави следниве прашања до менаџментот на „Скопски пазар“:-дали станува збор за промена на лимит на постоечки револвинг кредит?-дали лимитот од 8,7 милиони евра е зголемен или намален во однос на претходниот и за колку ?-конкретно за кои намени се парите?  -од кои причини кредитниот лимит е поголем од вкупните приходи од продажба што компанијата ги оствари во периодот јануари-јуни 2016 година?

Во мејлот „Фактор“ даде рок до четврток да се одговори на овие прашања, но досега до објава на текстот одговор не стигна. Но доколу добиеме одговор „Фактор“ ќе го објави интегрално се со цел за целосно информирање на инвестоторите и на акционерите на „Скопски пазар“.

Како што веќе пишувавме „Скопски пазар“ за првите шест месеци имал приходи од продажба во износ од 350 милиони денари и тие бележат пад за 31 отсто во споредба со истиот период лани. „Фактор“ деновиве објави дека од 2008 година до 2015 година приходите од продажба на „Скопски пазар“ паднаа една милијарда денари под водство на браќата Давитковски од кои едниот е претседател, а другиот член на Управниот одбор на компанијата. Браќата Давитковски со поддршка на нивната мајка до сега се и најголеми акционери со посед врз нешто помалку од 25 отсто од акциите со право на глас во таа компанија. 

Во последно време се поизразени се апетитите на компанијата „Современ дом“ да стане најголем акционер во „Скопски пазар“ затоа што во период од окотмври 2015 година до сега купи повеќе од 21 отсто од акциите со право на глас и тоа по цени од 3.500 денари до 15.000 денари за акција.  

И покрај тоа што менаџментот на „Скопски пазар“ ги игнорираше прашањата на „Фактор“, нашата редакција ќе ја објави нивната Објава дадена на СЕИ НЕТ вчера во 15:08 часот, а со цел во рамки на нашите можности за објективно информирање на македонската јавност. На следниот линк  SEI Net V2 може да го прочитате известувањето на менаџментот на „Скопски пазар“ за овој кредитен аранжман кое е објавено речиси еден месец по неговото склучување и 8 дена по Огласот во „Службен весник“. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести