Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто скокнаа јенот и франкот?

Зошто скокнаа јенот и франкот?
Јапонскиот јен и швајцарскиот франк скокнаа на меѓународните девизни пазари, по експлозиите во Брисел. Порасна побарувачката на валути кои се сметаат за сигурни засолништа за капиталот. Јенот во еден момент скокна за речиси 1% кон еврото, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 12 дена. Со еврото се тргуваше по 124,64 јени. Јапонската валута скокна и во однос на американската, па така со доларот се тргуваше по 111.38 јени. И курсот на швајцарскиот франк зајакна кон еврото, па со него се тргуваше по 1.0879 франци. Двете валути се многу барани во периоди кога има превирања на финансиските пазари и неизвесности во глобалната економија. Еврото ослабе и во однос на доларот. Така се држи под највисокото ниво во последните месец дена од 1,1342 долари, кое го достигна минатиот четврток.
Слично

Поврзани вести