Зошто штедењето пари е паметна одлука?
Иако за многу семејства во денешно време штедењето пари е луксуз, сепак тоа е паметна одлука.
Треба да се штеди за „црни денови“ во случај ако дојде до несакана болест или губење на работното место.
Освен тоа со штедење можете да си дозволите работи кои со заработката не можете да си ги допуштите, затоа што ќе покривате многу други трошоци.
Купување на автомобил, стан или далечно патување за многумина не се можни без штедење. Има и штедење кое е со долгорочни цели како што е образување на деца.
На штедењето не треба да се гледа како на одрекување, туку како на здрава и рационална навика.
За сето ова потребно е да се избере банка и начин на штедење.
Слично
