Зошто Шербеџија одби да го глуми Адем Јашари?
Познатиот балкански актер Раде Шербеџија по кратките шпекулации на косовските медиуми по се изгледа нема да прифати да ја игра главната улога како Адем Јашари во играниот филм кој го подготвува косовскиот режисер Луан Крејзиу.
Адем Јашари е еден од основачите на ОВК (Ослободителната армија на Косово) кој беше убиен во 1998 година во судир со српските безбедносни сили, по што во оваа поранешна југословенска покраина започна војна со многу жртви, за на крај да резултира со независност на Косово.
Режисерот Крејзиу открива дека со Шербеџија контактирал преку актерот Петровци. Сепак, на крајот Шербеџија одбил да го глуми косовскиот народен херој бидејќи ако тој како Србин го одглуми на филм тогаш целиот свет ќе го признае и препознае.
За Шербеџија кој е роден во Хрватска се вели дека има српско потекло, па токму поради национални причини за него би било многу проблематично ако се појави во улогата на Јашари, еден од најголемите непријатели на српската држава.
