Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се зголемува побарувачката на бакарот во светот?

Зошто се зголемува побарувачката на бакарот во светот?

Цената на бакарот продолжува да се зголемува, а се предвидува дека побарувачката на овој метал ќе порасне за 50 отсто до 2040 година, поради растот во секторите за вештачка интелигенција (ВИ) и одбрана.

Чиле и Перу се најголемите производители на бакар, додека Кина е најголемиот преработувач.

Соединетите Американски Држави, кои воведоа царини за некои видови бакар, увезуваат околу половина од своите потреби секоја година.

Тригодишните фјучерси на бакарот на Лондонската берза за метали денеска се зголемија за 3,1 отсто на рекордни 13.387 долари.

Растот на цената е поттикнат од очекувањата дека администрацијата на САД ќе воведе царини на рафинираниот бакар, што доведува до масовно пренасочување на залихите во САД. Поради тоа понудата на бакар во остатокот на светот е ограничена, а секторот не успева да го следи тоа со зголемено производство.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести