Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се стопираше филмскиот проект “Аферата Мис Стон”?

Зошто се стопираше филмскиот проект “Аферата Мис Стон”?
Отвореното писмо на режисерот Дарко Митревски во врска со стопирањето на играниот филмски проект “Аферата Мис Стон”,  го отвори и прашањето како се делат парите за филмските проекти и како се развива македонската кинематографија. Дел од филмаџиите не сакаа  да коментираат, а дел од филмската фела велат дека ваквите случувања се лоши за равојот на македонската кинематографија и најавија дека ќе излезат со реакции следната недела. Од друштвото на филмски професионалци на Македонија проблемот го лоцираат во лошото менаџирање на Агенцијата за филм. Продуцентот и претседател на Друштвото на филмски професионалци на Македонија, Роберт Насков за Фактор вели дека филмскиот проект “Аферата Мис Стон” од старт бил саботиран од директорот на Агенцијата Дарко Башевски. robert-naskov-Целата Агенција за филм е поставена на лоши основи, се носат лоши закони, и последиците од тоа ќе бидат долгорочни. Со ваков начин на менаџирање со Агенцијата не може да се развива македонската кинематографија и дистрибуција, се губи креативната енергија, и за тоа некој треба да понесе одговорност. Ова што се случи со филмскиот проект “Аферата Мис Стон” е само повод да се отвори проблемот со менаџирањето на Агенцијата, тоа не е од сега. Башески континуирано го саботираше од самиот старт филмскиот проект “Аферата Мис стон” и се обидуваше на сите можни административни начини да го отежни неговото реализирање, и еве на крај, успеја и да го стопира. Причината му е позната само нему. Не постои режисер или продуцент што би фрлил во вода три години од животот и тукутака би се откажал од своето филмско чедо, не е лесно да се донесе таква одлука, за тоа мора има сериозна причина за тоа. Дури и да е така како што Башевски вели во неговата реакција на отвореното писмо на Митревски, зошто не одговори на ниту едно прашање што му е поставено во писмото кои се тие филмски проекти што ги спомнува, па во изминативе години дали 15 филмски проекти се реализирани. Крајно време е тој да престане да се крие зад управни одбори, бројки за наводни успеси, разни измислени регулативи и да замине од функцијата директор на најважната филмска институција во државата. Ако имаше барем малку доблест кај него требаше самиот одамна да го стори тоа. Навистина е голема штета што и покрај големите финансии што се одделуваат за филмска дејност, Македонија е небитна земја на филмската мапа во Европа и за тоа некој треба да поднесе одговорност за тоа. На овој начин не се развива кинематографијата и дистрибуцијата. На филмската сцена набрзина се создадоа многу продуценти, но тоа не е онаа здрава конкуренција што ја посакуваме,  вели претседателот на Друштвото на филмски професионалци на Македонија и продуцент, Роберт Насков. Дел од актерите кои долги години се на филмското платно коменитраат дека изминатите години политиката односно партиската определба длабоко продира и во филмската индустрија, а Агенцијата за филм и другите институции од културата се управувани од партијата на власт. -Претпоставувам дека Дарко Митревски го напишал отвореното писмо во лутина затоа што Агенцијата за филм на чело со директорот не исполнила нешто договорено, а клучно за оваа фаза на филмот. Претпоставувам дека без тоа "договореното", Митревски не е во состојба да продолзи. Се надевам и посакувам проблемот да се реши и Дарко да продолжи да работи. Лично мислам дека и Агенцијата за филм како и сите други институции од Културата се управувани од "повисоко" т.е. од Владата, поточно, партијата на власт. Таму се решава кој ќе работи, кој ќе учествува и строго се води сметка за персоналните прашања, за да не се" про'мкне " "некој неподобен. Директорите и разните комисии и жири комисии, се само за да "глумат" демократија а всушност се поставени внимателно за да бидат послушници и извршители на наредбите од Партијата, на пример: Филмот на Столе Попов "До Балчак, Најдобра претстава на “Војдан Чернодрински"- рециталот "Вечна Кука", Срамното отворање на Велешкиот театар со лош текст на Б. Димитров и уште погрозна претстава во режија на Љ. Георгиевски, и многу други, вели актерот Петар Арсовски. Митревски: Го повлекувам мојот проект, а со него и самиот неотповикливо се повлекувам од македонската филмска сцена Режисерот Дарко Митревски, вчера во отворено писмо до директорот на агенцијата за филм, наведе дека го стопира проектот “Аферата Мис стон”, и одбива да се занимава со филм во Македонија се додека Башевски е директор на Агенцијата за филм. Mitrevski-620x330-Јавно ти признавам дека ти си победникот. Се предавам и се повлекувам, во ред? Го повлекувам мојот проект, а со него и самиот неотповикливо се повлекувам од македонската филмска сцена – сè додека тебе не те снема од неа! Македонската кинематографија, во која ти речиси до вчера беше никој и ништо, денес си ѝ газда, а утре ќе ѝ бидеш и егзекутор – во таа и таква македонска кинематографија јас одбивам да бидам дел. Ти се обраќам да те информирам дека, во својство на сценарист и режисер, го стопирам играниот филмски проект „Аферата Мис Стон“. Претпоставувам дека се сеќаваш: станува збор за истиот оној проект што заедно со македонскиот продуцент Роберт Насков и американската продуцентка Санмин Парк го најавивме минатата есен на прес-конференција во Битола. Требаше тоа да биде првата американско-македонска копродукција, изведена од американско-балканска филмска екипа, во која заедно со познати холивудски имиња рамноправно ќе учествуваа и наши актери.Знаеш за што зборувам, така? За истиот оној проект за кој Агенцијата за филм одобри средства уште пред две години, но – благодарение на тебе – до ден денешен не започна со нивна исплата. И не само тоа, туку во тие две години направи сè што беше во твоја моќ (од нечинење на она за што си поставен и платен, преку смислување и измислување на разни бирократски пречки, па сè до јавно озборување, нескриено саботирање и отворена опструкција на потпишувањето на потребната документација) за тој проект никогаш да не биде снимен.Е па еве, да ти честитам. Успеа во тоа! Сè додека ти си директор на Агенцијата за филм на Република Македонија, јас одбивам во таа земја да се занимавам со филм. Не можам да црвенеам од срам пред моите американски партнери, понесени од ентузијазмот дека ќе ја впишат егзотичната земја Македонија на филмската мапа на светот - додека ти истовремено ги оцрнуваш пред Управниот одбор на Агенцијата.Една цела чета угледни имиња веќе со месеци ги лажам дека зад мене стојат мојата фиљан-фиљан земја Македонија и нејзините државни институции, посочува режисерот Митревски во отвореното писмо до директорот на Агенцијата. Митревски во писмото пишува дека стопирањето не го прави од личен каприц, посочувајќи дека во изминатите шест години,  Башевски како директор на Агенцијата, е посветен на попречувањето на авторите што не му биле симпатични. Митревски во писмото му поставува и неколку прашања на Башевски, за кои вели дека е должен да и ги одговори на јавноста. -Зошто на повеќето домашни продуценти Агенцијата за филм им поставува речиси неостварливи услови за соработка и потоа спроведува инквизициски мерки на контрола, кога кон еден мал број други (јавно познати како твои пајдаши) им прогледува низ прсти за евидентни кршења на базичните регулативи? Зошто официјално не е дозволено финансирање филмови што немаат копродуцентска поддршка, а сведоци сме дека такви филмови наголемо се финансираат – под услов нивните автори да се од твојот табор? Како тоа, од морето филмови што Агенцијата за филм пријавува дека ги финансира на годишно ниво, на прсти се бројат филмовите што домашната публика има можност да ги види? Каде ти се овие другиве? Во некоја пералница за алишта? Поради каква парична злоупотреба „Еуроимаж“ ја запре финансиската поддршка за дистрибуција на европски филмови во нашата земја и на подолг период ја исклучи Македонија од оваа програма? Белки знаеш нешто за ова, во твое време ги снема тие пари, прашува Митревски во отвореното писмо. Башевски:Aгенцијата за филм работи законски Со реакција излезе директорот на Агенцијата за филм Дарко Башевски. Тој во реакцијата вели дека жали за одлуката на Митревски да го повлече филмскиот проект „Аферата Мис Стон’’, нагласувајќи дека како проект од национален интерес секогаш имал поддршка од Агенцијата за филм, а дека тој лично како нејзин раководител кон него нема негативен став. film1-630x289-Мојата одговорност и должност согласно законската регулатива е да се грижам за материјално-финансиско работење и за законитоста и економично работење на институцијата. Агенцијата за филм бара само да се спроведат законските процедури. Не гледам која е целта на ова отворено писмо освен да се направи медиумски притисок со вам познати цели.Со законот за филмската дејност направени се чекори за уште поголем развој на филмската дејност, во кој точно е дека има пропишано увид во наменско и законско трошење на средствата, контрола и извештаи кои ги има во сите земји. Се прашувам зошто на дел од филмските работици не им се допаѓа оваа регулатива. Можеби затоа што сметате дека може да ги трошите државните средства без никому да дадете отчет, наведува Башески во одговорот на писмото на Митревски. Башевски тврди дека Агенцијата за филм досега дала поддршка за многу филмски проекти и дека се се работи во согласност со законите. Лани во септември режисерот Дарко Митревски заедно со продуцентот Роберт Насков го претставија својот партнер од Америка „Максмедија“ кој влезе во подготовките на филмскиот проект “Аферата Мис Стон “. Плановите за реализацијата беа претставени на прес конференција во Битола во присуство на продуцентката, сценаристка и режисерка Санмин Парк, инаку претставник на  американската компанија „Максмедија“. Ј.С
Слично

Поврзани вести