Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се нејасни перспективите за германскиот пазар на трудот?

Зошто се нејасни перспективите за германскиот пазар на трудот?

Расположението на германскиот пазар на трудот не е одлично, но не е ниту сосема мрачно. Прашањето, сепак, е дали чашата е полупразна или полуполна.

Таканаречениот барометар на расположението на пазарот отиде надолу во октомври за прв пат во последните шест месеци, објави вчера Институтот за истражување на трудот и занимањата (IAB), како што објави агенцијата DPA.

Индексот што го најавува движењето на пазарот падна за 0,2 поени, на 100,3 и сепак остана во позитивната зона, веднаш над ознаката за неутралност од 100 поени.

Барометарот на IAB се пресметува од две компоненти: стапка на невработеност и стапка на вработеност. Во октомври, првата бројка падна за 0,1 поен, на 100,4, а втората за позначајни 0,4, на 100,2 поени.

„Фазата на растечка невработеност помина, но исто така помина и фазата на посилна вработеност“, рече експертот на IAB, Енко Вебер. 

Барометарот на пазарот на трудот на IAB се пресметува од 2008 година врз основа на месечно истражување на федералната агенција за труд и локалните агенции низ цела Германија.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести