Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се намали просечната плата во Хрватска?

Зошто се намали просечната плата во Хрватска?

Мало намалување има на платите во Хрватска. Просечната нето плата во земјата е 1.015 евра.

Таа е номинално пониска за 0,7 отсто и реално три отсто пониска во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика на Хрватска. Оваа состојба е последица на рекордната инфлација која ја „тресе“ Хрватска, но и другите земји. Потрошувачките цени во во септември скокнале за 12,3 отсто на годишна основа, а инфлацијата во септември скокна на 12,8 отсто.

Медијалната нето плата во септември биле 6.5оо куни (околу 865 евра), што значи дека половина од вработените заработиле помалку, а половина над таа сума. Од  јануари-септември годинава просечната месечна нето-плата во Хрватска изнесува 7.588 куни (1.010 евра), што во однос на истиот период лани е номинално повисока за седум отсто, а реално пониска за 2,3 отсто.

Во еврозоната има висока инфлација.  Во Хрватска во октомври имало рекордна инфлација од 13,2 отсто, а најмногу поскапеле храната и пијалоците.  На месечно ниво, цените најмногу пораснале, за 6,9 отсто, во групата облека и обувки. 

foto freepik.com/natanaelginting

Слично

Поврзани вести