Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто САД ќе испраќа трупи на Косово?

Зошто САД ќе испраќа трупи на Косово?

Регионални аналитичари сметаат дека најавата на САД дека на Косово ќе испратат дополнителни 130 војници како поддршка на КФОР и НАТО е порака до „военохушкачките“ политичари во регионот. 

Станува збор за припадници на американските специјални единици од првиот батаљон со седиште во Тупело. Тие се високо обучени за итни интервенции и на Косово ќе стигнат по подготовките во базата Форт Худ во Тексас.

Во оваа база специјалците отпатувале за време на викендот, а на подготовките наводно ќе учат албански и српски јазик и ќе се запознаваат со Балканот. Кога ќе пристигнат на Косово ќе бидат распоредени во рамки на силите на КФОР во единица која користи хеликоптери УХ 60 „блекхок“ и таму треба да останат 10 месеци.

Српскиот аналитичар Душан Јањиќ истакнува дека тоа е политичко безбедносна порака на САД, а не војна.

„На овој начин Американците јасно им ставаат до знаење на локалните политичари да не си играат повеќе војна и дека повторно оперативно се враќаат на Балканот. Нивната проценка е дека регионот премногу им го препуштиле на Турците, на НАТО и на Европејците. Сметаат и дека Балканот е во опасност од тероризам“- вели Јањиќ.

Професорот на белградскиот Факултет за безбедност,  Зоран Драгшиќ е со став дека дополнителните американски трупи се неопходно поради засилените тензии на Балканот.

Драгшиќ смета дека засиленото присуство на САД е јасна порака дека нема ништо од формирање на војска на Косово. 

Слично

Поврзани вести