Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто САД го зголеми увозот на руска нафта?

Зошто САД го зголеми увозот на руска нафта?

Додека Вашингтон се заканува со нови санкции кон Москва, САД го зголемиле увозот на руска нафта. 

САД годинава станале најголем купувач на руската нафта. Тие купиле 12 отсто од вкупниот извоз на нафта од Русија. 

Изданието Нејшнл интерестцитира бројки од Агенцијата за енергетска информација на САД според кои во првото полугодие на 2020 година е увезено 9.3 милиони барели руска сурова нафта. Ова е најголема количина во изминатите шеснаесет години. 

Причината за зголемениот увоз е поради тоа што многу рафинерии распоредени на крајбрежјето на американскиот Мексикански залив, користат тешка сурова нафта со големи концентрации на сулфур што досега ја добивале од Венецуела. 

Поради санкциите кон Каракас, оваа нафта сега е недостапна, а затоа што голем број рафинерии во САД користат процес на каталитички крекинг, не можат да ја употребуваат лесната и нискосулфурна нафта што во САД претежно се вади преку фракирање.

Руската нафта била најконкурентна по цена и транспорт.

Слично

Поврзани вести