Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Русите и Јапонците ги протеруваат од Црна Гора?

Зошто Русите и Јапонците ги протеруваат од Црна Гора?
Сите наводни членови на сектата Аум Шинрикјо кои полицијата во петокот ги затекнала во хотел во Даниловград, имале повреди на вратот. Истражителот претпоставува дека се работи за обред со самоповредување. „Некои од нив имаа повреди на колената. Сите беа во стара гардероба, испиени и со црни подочници“-вели тој. Пред 3 дена се приведени од хотел 50 членови на јапонска секта. Специјалните единици упаднале во хотелот околу 6 часот, а пред хотелот биле двајца Руси кои другите ги држеле под клуч. Кога полицијата влегла внатре тие на лап топови слушале пораки од некој нивен водач. За човекот за кој се претпоставува дека е водач на секташката група, кај него се најдени 50.000 евра, а другите немале пари. Оваа група од руски и јапонски државјани припаѓа на секта која во 1995 година во Јапонија извршила терористички напад со гас, при што се убиени над 20, а повредени околу 1000 луѓе.  
Слично

Поврзани вести