Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Русија го ограничува извозот на хелиум?

Зошто Русија го ограничува извозот на хелиум?

Русија го ограничува извозот на хелиум.

Државата објави дека привремено ќе ја заостри контролата врз извозот на хелиум, воведувајќи обврска за извозниците да обезбедат посебни дозволи за испораки надвор од Евроазиската економска унија, со цел да се обезбеди стабилно снабдување на домашниот пазар.

Одлуката доаѓа во услови на нарушувања на глобалниот пазар, поради војната во Иран, која значително ја намалија достапноста на хелиум – гас клучен за производството на полупроводници, медицинска опрема и напредни технологии. 

Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека светската понуда на хелиум е намалена за речиси една третина, нагласувајќи дека приоритет е заштитата на домашните потрошувачи од надворешни ценовни шокови. Како дел од мерките, хелиумот е додаден на листата на суровини чиј извоз ќе биде строго регулиран, а новиот режим ќе важи до крајот на 2027 година.

Покрај Русија, членки на Евроазиската економска унија се и Казахстан, Белорусија, Ерменија и Киргистан.

Русија е трет најголем производител на хелиум во светот, зад САД и Катар, со удел од околу осум проценти во глобалното производство. 

Индустријата за полупроводници веќе ги чувствува последиците од намалената понуда. Француската компанија Air Liquide прераспределува резерви од други региони за да ја одржи испораката.

Експертите велат дека доколку нарушувањата продолжат, тоа може да доведе до зголемени трошоци и намалено производство на чипови.

Инаку, се очекува дека ако војната потрае ќе има економски последици по целиот свет. 

Слично

Поврзани вести