Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Рудници Бањани претрпе огромен квартален пад на добивката?

Зошто Рудници Бањани претрпе огромен квартален пад на добивката?

Во новиот неревидиран биланс на успех за првиот квартал од 2017-та компанијата Рудници Бањани бележи огромен пад на приходите споредено со претходната година. 

Од 01.01 до 31,01 годинава Рудници Бањани според податоците објавени преку Македонска берза има остварено добивка од само 72.000 денари. Тоа е значителен пад во однос на истиот период лани кога добивката изнесувала солидни 601.000 денари за првите три месеци. 


Непроменети трошоци

Интересно е што кога ќе се споредат трошоците и расходите во оваа и претходната година речиси и да нема никаква разлика. Овој квартал оперативите расходи изнесуваат 10.955.000 денари, додека пак во првиот квартал за 2016-та изнесувале 10.736.000 денари. 

Мал раст има за трошоците за вработените, но главната причина за пад на добивката е забележан кај ставката обезвреднување на тековните средства кое изнесува 643 илјади денари.

Политичката криза зададе голем удар

Во образложението кое го дава генералниот директор Аница Пецевска Рајчиќ главните причина за падот на добивката се бараат во потешкотиите за испорака на материјалот поради тешката зима, намалената продажба поради политичката криза, како и намалената вредност на производите на залиха. 

Сепак, и овој квартал е позитивен за Рудници Бањани без оглед на падот на приходите од продажба од 1.370.000 денари.

Рудници Бањани е компанија која се занимава со производство и продажба на варовник. 

Слично

Поврзани вести