Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто расте инфлацијата во еврозоната?

Зошто расте инфлацијата во еврозоната?

Во еврозоната во септември стапката на инфлацијата двојно се зголеми, затоа што влијанието на пониските цени на нафтата почна да се намалува. 

Ова го покажуваат податоците на европската служба за статистика Евростат.

Годишната стапка на инфлацијата во 19-члената еврозона порасна во септември на 0,4%, што е во согласност со пазарните очекувања. 

Инфлацијата во Германија минатиот месец скокна на највисоко ниво од мај 2015 година.

За аналиитчарите, тоа е добра вест за напорите на Европската централна банка, за зголемување на цените со помош на огромните поттикнувачки мерки. 

За оваа година во Германија се предвидува раст на БДП од 1.7%. 


Слично

Поврзани вести