Зошто правникот на „Езимит“ ги превзеде акциите на „Езимит“ во „Бетон Штип“?
Сашко Бошков, директор за правни работи во „Езимит“ стана нов најголем поединечен акционер во штипската градежна компанија „Бетон“ така што преку неговата фирма Бим Инвест Инженеринг ги превзеде 23,3 отсто од акциите на „Бетон“ што досега беа во сопственост на „Езимит Инвест ДООЕЛ“
Штипската компанија „Езимит“ ги отуѓи своите 9.749 акции со право на глас во штипската градежна компанија и тие сега се во сопственост на штипската компанија БИМ Инвест Инженеринг, објави вчера штипската градежна компанија на Македонската берза за хартии од вредност.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста направи обид да стапи во контакт со Бошков и со Зорачно Митревски сопственик на „Езимит“ за да праша од кои причини се случила купопродажбата на акциите. За жал во обидите за телефонски контакт останаа неуспешни, па прашањата беа доставени и на мејл адреса на „Езимит“ и ако има одговори ќе ги објавиме во целост.
Според информации објавени на берзата станува збор за блок трансакција со акциите на: Бетон АД Штип Шифра: BEST Вид на ХВ: обични акции Пазарен сегмент: Официјален пазар – Задолжителна Котација Номинална вредност: 25 ЕУР Количина: 9.749 % од основната главнина: 23,32% Цена по акција (во денари): 515,00 Вредност на трансакција (во денари): 5.020.735,00.
Оваа информација предизвика голем интерес кај инвеститорската јавност затоа што во суштина настанува значајна сопственичка промена во која фирма што е сопственост на Зоранчо Митровски, сопственик на „Езимит Инвест“ сега ги отуѓува акциите и како сопственик на фирмата во која се префрлаат акциите се јавува друго физичко лице Сашко Бошков, кој е менаџер во „Езимит“.
„Бетон Штип“ е солидно позициониран на македонскиот градежен пазар и значајно го зголеми своето пазарно учество во последниве шест години и се профилираше во трета најголема градежна компанија на нашиот пазар по „Бетон Скопје“ и „Гранит“. Во акционерската структура на „Бетон Штип“ освен „Езимит“ има уште три други големи поединечни акционери. Тоа се скопските компании „Ескико“, ТИМ и Орка Холдинг и сите имаат по 19,5 отсто од акциите со право на глас.
Р.Ф.