Зошто повеќето Европејци купуваат станови, додека Американците ги изнајмуваат?
Повеќе од две третини од Европејците живеат во станови и куќи што ги поседуваат, што ја покажува силната врска на континентот со културата на сопственост на недвижности.
И додека во Европа доминира идејата дека домот е безбедно засолниште и најдобра инвестиција, во САД менталитетот е различен - флексибилноста и изнајмувањето честопати имаат предност пред долгорочното задолжување за покрив над главата. Податоците добиени од порталот Investor, исто така, откриваат дека растот на цените и инфлацијата дополнително го комплицирале купувањето недвижности.
Иако кризата со домувањето е сè поизразена, повеќе од две третини од граѓаните на Европската Унија живеат во становите што ги поседуваат. Овие податоци јасно покажуваат дека идејата дека купувањето стан или куќа е најважната животна цел и најдобрата заштита од несигурност е сè уште длабоко вкоренета во европската култура.
Според податоците на Евростат и Делоит анализирани од порталот Investor, цените на становите во ЕУ се зголемиле за речиси 50 oтсто во периодот од 2015 до 2023 година.
Во некои земји растот бил драматичен - во Унгарија повеќе од 170 отсто, додека во Финска растот бил само 5 отсто. Во истиот период, кириите растеле побавно, но сепак значително - околу 18 отсто од 2010 до 2022 година.
Истражувањата покажуваат дека просечниот Европеец мора да штеди околу шест години од својата бруто плата за да купи стан од 70 м². Во некои градови ситуацијата е уште потешка - во Амстердам се потребни повеќе од 15 годишни плати, во Атина и Прага околу 15, додека градови како Оденсе или Торино се далеку попристапни (околу пет годишни плати).
foto freepik.com
