Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто поскапувањето на доларот е лоша вест за светот?

Зошто поскапувањето на доларот е лоша вест за светот?

Доларот е 40% над дното во 2011 година и зајакнува и кон  валутите на пазарите во развој. 

Најважната валута во светот се повеќе расте.  Во трите недели по победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД, доларот забележа еден од најострите растови во однос на кошницата од валути, коментира Economist.

Јуанот се намали до најниско ниво во однос на доларот од 2008 година, а има тврдења дека  официјалните лица на Кина размислуваат за построги ограничувања врз странските превземања на домашните компании, за да се ограничи притисокот.

Валутата на Индија, која си има свои проблеми во земјата, исто така, достигна рекордно дно во однос на зелената валута. Другите азиски валути се распаднаа до нивоа невидени од финансиската криза во 1997-98 година. 

Доларот постепено зајакнува низ години. Се очекуваат промени на економската политика во Америка.


Слично

Поврзани вести