Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто поскапуваат златото и среброто?

Зошто поскапуваат златото и среброто?

Се зголемуваат цените на златото и среброто.

Среброто денеска го надмина прагот од 40 долари за унца – највисоко ниво од септември 2011 година, додека златото повторно се доближи до рекордoт, тргувајќи околу 3.476 долари за унца во утринската европска сесија. Наглото зголемување на цените се потпира на зголемени очекувања за намалување на каматните стапки од страна на ФЕД, ослабен долар и правна неизвесност околу американските царини – фактори што ја зголемуваат привлечноста на благородните метали како сигурно засолниште.

Според „Ројтерс“, спот-златото достигна четиримесечен врв, додека цената на среброто  се искачи над 40,6 долари за унца – првпат по повеќе од една деценија. 

Дополнително, пресудата на американски апелациски суд со која значаен дел од тарифите на федералната администрација се прогласени за незаконски – го ослаби доларот, што пак традиционално е позитивен сигнал за цените на златото.

Гледано пошироко, златото веќе го надмина историскиот рекорд од 3.128 долари за унца на 31 март годинава, под влијание на страв од трговски војни и силен прилив на капитал во златни ЕТФ-и. По неколкумесечна консолидација, денешното поскапување повторно ја доближува цената до тие рекордни нивоа.

foto freepik.com/vitar98

Слично

Поврзани вести