Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто поскапуваат становите и куќите во Германија?

Зошто поскапуваат становите и куќите во Германија?

Цените на становите и куќите во Германија продолжуваат да растат, скокнувајќи за 4,1 процент на годишно ниво.

Цените на становите и куќите во Германија растат пет квартали по ред и покрај високите каматни стапки и послабата куповна моќ на граѓаните, така што во вториот квартал од 2025 година скокнаа за 4,1 процент на годишно ниво и за 1,1 процент во споредба со претходниот квартал, според податоците објавени денеска од здружението на германски банки VDP.

Динамиката на растот на цените укажува на исклучително сложена ситуација на пазарот на домување - побарувачката е сè уште голема, а понудата е ограничена, коментираше генералниот директор на VDP Јенс Толкмит.

Меѓу седумте најголеми германски градови, Диселдорф забележа најбрз квартален раст на цените на недвижностите - за два проценти во споредба со првиот квартал од 2025 година, пренесува Танјуг. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести