Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто поскапува храната во светот?

Зошто поскапува храната во светот?

Цените на храната се зголемиле за 7,6 отсто во светот. 

Индексот на цените на храната на ФАО, глобален репер за цените на прехранбените производи, се зголеми за 1,6 отсто во јули во однос на јуни, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во јули индексот на цените на храната сè уште бил 18,8 отсто под својот врв во март 2022 година. Сепак, цените на храната се зголемиле за 7,6 отсто во однос на јули 2024 година.

Глобалните цени на храната пораснале првенствено поради повисоките цени на месото и растителното масло, компензирајќи го намалувањето на цените на житарките.

Цената на палминото масло се зголемиле поради силната глобална побарувачка, додека цената на соиното масло е поддржана од очекувањата за силна побарувачка за биогориво во Америка.

Цените на сончогледовото масло се зголемиле поради намалените извозни залихи од регионот на Црното Море. Спротивно на тоа, цените на маслото од репка се намалиле со доаѓањето на новата жетва во Европа.

Цените на живината малку се зголемиле откако Бразил го врати статусот без птичји грип, овозможувајќи продолжување на увозот. Спротивно на тоа, цените на свинското месо се намалиле поради изобилството на залихи и намалената глобална побарувачка, особено во ЕУ.

Сепак, цените на сирењето продолжиле да растат, поради големата побарувачка од Азија и Блискиот Исток, како и помалата извозна понуда од ЕУ.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести