Зошто поскапува храната во Франција?
Францускиот пазар на храна е под притисок од зголемувањето на цените и продлабочувањето на нееднаквоста, што, според студијата која денеска ја објави Институтот IDDRI, го загрозува стабилниот и фер систем за храна во земјата.
Студијата покажува дека пазарот во Франција е сè поподелен.
Од една страна, постојат премиум производи фокусирани на здравјето и екологијата, додека од друга страна, постојат поевтини опции со ограничен квалитет, објавува Euraktiv.
Ваквата пазарна структура, заедно со постојаниот раст на цените, го продлабочува јазот помеѓу побогатите и посиромашните домаќинства, се додава во извештајот.
Цените на храната во Франција ќе продолжат да растат, под влијание на фактори како што се климатските промени, трошоците за енергија и честите здравствени кризи во сточарството, предупредува IDDRI.
Како што е наведено, просечниот годишен раст на цените на храната во периодот 2020-2024 година достигна шест проценти, додека во претходните периоди беше помалку од два проценти.
Во 2023 година, цените на храната во Франција беа за 10 проценти повисоки од европскиот просек.
Зголемената несигурност во снабдувањето и растот на сиромаштијата ставија дополнителен товар врз семејните буџети и трошоците за храна, забележува институтот. Слични промени се евидентирани и во други земји од Европската Унија.
foto freepik.com
