Зошто почна да паѓа вредноста на доларот?
Вредноста на доларот во однос на кошничката валути драстично се намали, по објавувањето на записникот на ФЕД.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 141,20 на 138,85 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, така што цената на еврото достигна 1,0420 долари, а вчера беше 1,0305 долари.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,85 поени, а вчера беше 107,15 поени. По извесно време на раст, доларот почна да губи од својата вредност.
foto freepik.com/andreyphoto63
Слично
